Големо враќање на социјалните мрежи на Доналд Трамп со своја платформа

Објавено на 22.03.2021 во Новости



Големо враќање на социјалните мрежи на Доналд Трамп со своја платформа

Доналд Трамп често беше критикуван поради своите објави на социјалните мрежи. Капката што ја преполни чашата беше инвазијата на неговите поддржувачи во Капитол. Потоа доби црвен картон од Twitter и Facebook, што означи крај за неговите активности на социјалните мрежи, каде го следеа десетици милиони кориснции.

Поранешниот претседател на САД отвара своја платформа, каде што ќе може да објавува што и да посака, без страв од последици. Таквата мрежа ќе привлече десетици милиони нови корисници, што може да се очекуваат за два до три месеци, тврди портпаролот на Трамп, Џејсон Милер. 

Автор: Aleksandar Stankov