Би издржале ли цел ден без смартфони и социјални мрежи за 2400 долари?

Објавено на 24.03.2021 во Новости



Би издржале ли цел ден без смартфони и социјални мрежи за 2400 долари?

Зависноста од социјалните мрежи и негативното влијание врз менталното се сѐ повеќе сериозни теми за кои треба да се разговара и на тие кои им е потребно да им се укаже соодветна поддршка.

Сигурно многумина не можат да издржат подолго време без да проверат што се случува на социјалните мрежи, да постираат сториња и да се допишуваат.

Компанијата reviews.org објави предизвик корисниците да се исклучат 24 часа од нивните смарт уреди. Тие што ќе бидат одбрани во предизвикот ќе добијат и награда од 2400 долари.

Најпрво ќе им биде испратена специјална кутија во која ќе треба да ги стават буквално сите смарт уреди вклучувајќи го телефонот, лаптопот, часовникот, телевизорот па дури и смарт правосмукалката. 

Треба да издржат цели 24 часа без да погледнат во екран и да поминуваат време на социјалните мрежи.