YouTube ќе препознава производи во видеата што ги гледате за повеќе реклами

Објавено на 24.03.2021 во Новости



YouTube ќе препознава производи во видеата што ги гледате за повеќе реклами

YouTube тестира нова функција со која ќе препознава производи кои ги има во видеата кои ги гледате и ќе ви пласира повеќе реклами како што се директни линкови за купување на производот.

Покрај линкови за шопинг YouTube исто така ќе прикажува врзани видеа со слични или исти производи како производот кој веќе го гледате во видеото. 

Ваквиот принцип би требало да се применува најмногу кај unpacking или пак видеата со рецензии и прегледи на нови производи и функции.

Можеби во планот на Google е и дополнителна можност за монетизацијата на креаторите на содржини, но до официјално лансирање на новата функција ќе има уште подолго период на тестирање.