Маската на Razer ќе биде топ заштита од КОВИД-19 со смарт функции

Објавено на 29.03.2021 во Новости



Маската на Razer ќе биде топ заштита од КОВИД-19 со смарт функции

Razer потврди дека е подготвен оваа година да ја стави во масовно производство иновативната смарт маска Hazel RGB која ќе го исполнува N95 стандардот за филтрирање на честички како заштита од КОВИД-19.

Razer Hazel RGB смарт маската ќе има транспарентна предна површина за да може да се гледаат реакциите на лицето за секој да може да ги види вашите експресии.

Исто така смарт маската ќе има вентилација и филтри кои се одржливи лесно се чистат, а ќе има и вграден микрофон и засилувач на тон па така вашиот глас ќе биде засилен за секој да може јасно да ве чуе.

Hazel RGB маската на Razer првично ќе биде наменета за гејмерите и ќе чини околу 100 евра.