Русија го казни Twitter со 118.000 долари поради објавите за Навални

Објавено на 03.04.2021 во Новости



Русија го казни Twitter со 118.000 долари поради објавите за Навални

Судот во Москва во петокот ја осуди американската социјална мрежа Twitter, која што не ги отстранила повиците за малолетниците да учествуваат во демонстрациите кон средината на јануари. Казната изнесува 8,9 милиони рубљи или 118.000 долари.

Судот планира да донесе одлука и за слични тужби против Facebook што ги изнел рускиот медиумски регулатор Roskomnadzor. Roskomnadzor уште на почетокот на годината најави казнување на социјалните мрежи. Кон крајот на јануари, десетици илјади луѓе излегле на улиците кон бројни руски градови барајќи ослободување на популарниот опозициски политичар Навални, кој е оттогаш затворен.