Новата верзија на електричен ѕвер: Hummer EV SUV

Објавено на 04.04.2021 во Новости



Новата верзија на електричен ѕвер: Hummer EV SUV

GM го претстави Hummer во електрично руво, што е голема промена на пазарот на автомобили. Компанијата до 2025 година планира да вложи околу 27 милијарди долари во електрификација и ќе претстави 30 нови модели со електрични мотори.

Hummer ќе биде предводникот на понудата на е-возила на General Motors, чие масовно производство почнува кон крајот на оваа година. Пристигнува со моќен мотор, издржлива батерија и специфичности како што е crab walk, односно можноста за помрднување на сите 4 тркала, така што возилото при помали брзини може да се движи и дијагонално.

Првата верзија на SUV Edition 1 на пазарот се очекува на почетокот на 2023 година по цена од 105 илјади долари или 110 илјади за верзијата со off-road опрема. Доаѓа со три мотори со вкупна моќност од 830 KS, до 96 км/час може да забрза за само 3,5 секунди и опсег на батеријата до 480 километри со технологија за брзо полнење на батеријата (300kW).

Автор: Aleksandar Stankov