Lenovo Legion 2 Pro ќе има уникатна селфи камера

Објавено на 05.04.2021 во Новости



Lenovo Legion 2 Pro ќе има уникатна селфи камера

Lenovo подготвува одличен смартфон за љубителите на мобилни видео игри со уникатна селфи камера која ќе биде сместена странично во средина на уредот со 44 мегапиксели.

Главната причина поради која селфи камерата на Lenovo Legion 2 Pro ќе биде сместена во средина е бидејќи уредот ќе се користи во хоризонтална положба наменета за играње на видео игри на цел екран.

Така и гејмерите ќе може да прават селфи фотки додека го играат нивните мобилни видео игри. Lenovo Legion 2 Pro официјално ќе биде претставен на 8 април.

Автор: Aleksandar Stankov