Небесниот спектакл на Hyundai собори Гинисов рекорд
Објавено на 06.04.2021 во Новости
Hyundai кон крајот на минатиот месец го лансираше својот бренд за луксузни возила Genesis на кинески пазар. Во оваа пригода направи вистински спектакл на небото и така постави нов Гинисов рекорд. Можеби Genesis се уште не е толку познат, но станува збор за бренд што им конкурира на Mercedes, BMW, Audi, Lexus.
На кинескиот пазар се претставени два модела: G80 и GV 80 SUV, кои наскоро излегуваат и во продажба. Најавено е отварање и на луксузниот продажен салон во Шангај.
Главниот евент за таа пригода е одржан со дронови, како што може да се види на видеото одозгора. Дроновите направиле формација на небото со логото на брендот Genesis во 3D приказ.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.