Марк Цукерберг користи апликација што е конкурент на WhatsApp

Објавено на 08.04.2021 во Новости



Марк Цукерберг користи апликација што е конкурент на WhatsApp

Првиот човек на Facebook нема некоја си посебна заштита, туку е ист како и сите обични луѓе, со оглед на тоа што хакери многу лесно му го пробиле профилот. Затоа и од страв дека ќе го снимаат во позадина без да знае, тој става трака на камерата на својот лаптоп.

Сигурно корисниците очекуваат од него да ги користи само своите платформи Facebook Messenger и WhatsApp, но не е така. Неделава е откриено дека како и други милиони корисници, тој ја користи апликацијата за безбедност Signal, еден од најголемите конкуренти на WhatsApp. сИнформацијата се уште не е официјално потврдена.