Што знае Facebook што е "бич"?

Објавено на 14.04.2021 во Новости



Што знае Facebook што е "бич"?

Алгоритмот на Facebook базиран на вештачка интелигенција некогаш може да биде од голема корист и да спречи ширење на говор на омраза, но некогаш може и целосно да ја промаши.

Facebook во март ја блокирал официјалната страница на градот Bitche во Франција. Причината е сличноста на името на францускиот град со изразот "кучка" на англиски.

По гочеми напори на градската администрација, па дури и отворање на нова страница, Facebook конечно ја согледал грешката и страницата на Ville de Bitche е повторно активирана.