HTC 11 доаѓа со ѕверски Snapdragon 835 и 8GB RAM меморија

Објавено на 13.12.2016 во Новости



HTC 11 доаѓа со ѕверски Snapdragon 835 и 8GB RAM меморија

HTC 11 ќе биде претставен на почетокот на 2017 година, а веќе ги имаме неговите спецификации. Се очекува да дојде со 5,5-инчен дисплеј со резолуција 1440 x 2560 пиксели и Android 7.0 оперативен систем, со HTC Sense 8 кориснички интерфејс.

Телефонот ќе има и Snapdragon 835 процесор со осум јадра и Adreno 540 GPU графичка картичка, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија.

Батеријата ќе биде со капацитет од 3700 mAh, што е солидно за ваков моќен процесор, која ќе биде со Quick Charge 4.0 технологија за брзо полнење. Од задната страна ќе има двојна камера со оптички зум и сензори од 12MP, а предната со 8MP. Неговата цена ќе биде 700 долари.

Се претпоставува и дека смартфонот ќе има екран од раб до раб. HTC го преработи дизајнот и кај претходникот HTC 10, затоа очекуваме и дека HTC 11 ќе добие подобрувања во дизајнот. Виртуелната реалност нема сомневање дека ќе биде исто така дел од единаесетката.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}