Откриена ултра бела боја што штеди електрична енергија

Објавено на 17.04.2021 во Новости



Откриена ултра бела боја што штеди електрична енергија

Научниците од Универзитетот Пердју во Индијана откриле „ултра бела боја“, која рефлектира повеќе од 98% од сончевата светлина. Се тврди дека ултра белата боја може да помогне да се заштеди електрична енергија во борбата против климатските промени, со помош на таканаречените ладни бели покриви.

Научниците од САД тврдат дека оваа е „побела од моментално белата боја“, поради тоа што содржи бариум сулфат, што се користи за производство на фото-хартија и козметика. 

„Ако ја користевте нашата боја за да покриете површина на покривот од околу 93м2, претпоставуваме дека може да добиете моќ на ладење од 10KW. Тоа е помоќно од климатизерите што ги користат повеќето куќи“, објаснува професорот Ксиулин Руануа.

Во Њујорк неодамна се обоени повеќе од 10 милиони м2 со бела боја, а Калифорнија веќе ги промени градежните правила за промовирање на таканаречените „ладни“ покриви. Нивните придобивки сè уште се истражуваат, си истражувањата се докажува дека тие ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија и креираат пониски температури. 





Прочитајте повеќе: