Google Earth објави нова Timelapse опција за проверка на климатските промени

Објавено на 17.04.2021 во Новости



Google Earth објави нова Timelapse опција за проверка на климатските промени

Google Earth додава нова Timelapse опција што овозможува увид како климатските промени, урбанизацијата и уништувањето на шумите, влијаат врз климата во последните 40 години. 

Timelapse опцијата е составена од 24 милиони сателитски слики, заедно со 800 монтирани видеа и интерактивни водичи. Тоа им овозможува на корисниците да видат како се сменило секое место на планетата, со официјални податоци од НАСА, програмата „Ландсат“ на американскиот геолошки институт и програмата Коперникус на Европската унија Ројтерс. Климатските промени предизвикаа силни поплави, суши, бури и топли бранови, што е главната причина поради која се зголемува глобалната просечна температура на воздухот.





Прочитајте повеќе: