Instagram и Facebook ќе овозможат сокривање на бројот на лајкови
Објавено на 17.04.2021 во Новости
Корисниците на Facebook и Instagram наскоро добиваат опција што ќе им овозможи сами да одлучат дали сакаат под објавата јавно да им се прикажува бројот на лајкови. Instagram уште пред две години почна да експериментира со опцијата за сокривање на бројот на лајкови, но со текот на пандемијата тоа не им било приоритет, туку фокус на други нешта како поддршка за корисниците.
Идејата за сокривање на лајкови има смисла, многумина со неа не би биле задоволни, како што се на пример влијателните личности на социјалните мрежи, односно инфлуенсерите, за кои цифрата е важна поради нивното влијание на мрежите, привлекување на нови следбеници, но и партнери и огласувачи.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.