BlackBerry Bold 9790 и Curve 9380 на сцена

Објавено на 17.11.2011 во Новости



BlackBerry Bold 9790 и Curve 9380 на сцена

 

Вчера RIM ги најави двата најнови претставници на мобилната елита на канадската компанија.
 
Двата телефони ќе работат на BlackBerry OS 7 и ќе имаат HVGA+ екрани (со резолуција од 480 x 360 пиксели).
 
 
BlackBerry Bold 9790 доаѓа со 2,45 инчен екран на допир, Marvel Tavor MG1 пороцесор на 1GHz , 768MB RAM меморија, 8GB внатрешна меморија на распологање, камера од 5 мегапиксели и слот за microSD мемориска картичка. Bold 9790 добро се поврзува со светот - Wi-Fi, 3G со HSPA, GPS па дури и NFC.
 
Компактниот Bold доаѓа со QWERTY тастатура и оптички тракпад. Телефонот треба да се појави на пазарот во следните 2-3 недели.
 
 
BlackBerry Curve 9380 е првиот Curve кој доаѓа со екран на допир. Има 3,2 инчен екран на допир со HVGA+ резолуција.
 
Сепак, другото не е баш за пофалба – процесор на 806MHz и 512MB RAM меморија, но и 512MB внатрешна меморија која се проширува преку microSD  слот. Другото е горе-долу слично како кај BlackBerry Bold 9790 .