После успешниот лет на Марс: „Долго мечтаевме за нашиот момент како браќата Рајт“

Објавено на 20.04.2021 во Новости



После успешниот лет на Марс: „Долго мечтаевме за нашиот момент како браќата Рајт“

Пред 117 години браќата Рајт успешно го извршиле првиот лет на Земјата, а хеликоптерот на НАСА, Ingenuity, го направил истото, но на друго место - Марс. Соларно погонскиот хеликоптер е само 1,8 килограми тежок и претставува првото летало од Земјата што извршило самостоен лет на друга планета.

Ingenuity се искачил на височина од три метри и стабилно лебдел во воздухот околу 30 секунди, по што мирно се спуштил на површината на Марс. Целиот зафат траел 40 секунди вкупно. Проектот со хеликоптерот на Марс трае последните шест години. Хеликоптерот има должина од 49см со ротор од 1,2 метри. 

„Долго мечтаевме за нашиот момент како браќата Рајт на Марс и успеавме. Ќе земеме неколку мигови да го прославиме овој успех и потоа ќе го направиме истото што и браќата - ќе се вратиме на работа за да научиме што е можно повеќе за тоа што Ingenuity го забележа на Марс“, истакнува водачот на проектот MiMi Aung.





Прочитајте повеќе: