Хакери украле доверливи цртежи од уреди на Apple, се закануваат со објава

Објавено на 23.04.2021 во Новости



Хакери украле доверливи цртежи од уреди на Apple, се закануваат со објава

Руски хакери украле доверливи документи за уреди на Apple и сега ја уценуваат компанијата дека на 1 мај ќе ги објават сите документи, доколку компанијата не плати откупнина. Групата REvil веќе објави некои доверливи документи како што е нацртот за минатогодишниот MacBook Air, iMac и некои податоци за Apple лаптоп, со цел да бидат сфатени посериозно.

Хакерите не го пробиле серверот за да дојдат до документите на Apple, туку го нападнале компјутерскиот систем на еден од партнерите на компанијата, Quanta. Според информациите што ги има на интернет, прво почнале со уценување на компанијата од која што побарале 50 милиони долари, но кога ги одбиле од Quanta, се свртеле кон Apple. Компанијата се уште не открива ништо од деталите, само вели дека го „истражува овој инцидент“.





Прочитајте повеќе: