Новиот Windows 10 ќе биде со дигитално пенкало и 3D Paint

Објавено на 17.12.2016 во Windows



Новиот Windows 10 ќе биде со дигитално пенкало и 3D Paint

Новата верзија на Windows 10, Creators Update, на корисниците ќе им донесе бројни подобрувања, од кои главна е поголема поддршка за дигиталното пенкалце stylus-e. Очигледно Microsoft сака да го направи пенкалото составен дел од секој Windows уред.

Корисниците ќе имаат различни начини за пишување и изменување на документите, а сето тоа да биде брзо, лесно и интуитивно. Така со дигиталното пенкало ќе може да пишувате директно на екранот кога работите во Word или некоја друга Office програма. 

Најголема предност кај надградбата за Windows 10 е новиот 3D Paint, кој ќе ги има сите функции на кои навикнавме, само што ќе може да креира и плус 3D предмети, што е совршен додаток за HoloLens. Creators Update ќе биде достапен од пролетта 2017 година.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Black Shark
  • Redmi Note 5 Pro
  • Redmi Note 5 (Redmi 5 Plus)
  • Redmi 5A
  • Redmi 5
  • Mi Mix 2s
  • Mi Mix 2
  • Mi Mix
  • Mi A1
  • Tab 7 Essential
 


{}