Google од Аргентина случајно купен за 6 долари од физичко лице

Објавено на 27.04.2021 во Новости



Google од Аргентина случајно купен за 6 долари од физичко лице

Николас Куроња од Аргентина случајно го купил аргентинскиот домејн на Google за само 6 долари. Домејнот во моментот станал достапен за купување, поради што привремено бил затворен пребарувачот во Аргентина. Така човекот го купил домејнот на веб-страницата и напишал за оваа информација на Twitter.

Сигурно од Google ја запоставиле обврската во моментот и така Аргентинецот ја искористил својата шанса. Се разбира, од Google реагирале брзо и така повторно станал достапен, само што станува нејасно дали му платиле од Google или доброволно ја завршил работата.

Автор: Aleksandar Stankov