Xiaomi во подготовки за смартфон со камера од дури 200MP

Објавено на 27.04.2021 во Новости



Xiaomi во подготовки за смартфон со камера од дури 200MP

Изгледа дека ќе го имаме и првиот смартфон со камера со резолуција до 200MP. Максималната резолуција досега изнесуваше 108MP, а такви телефони претставија Samsung, Xiaomi и други. На почетокот таквите камери беа наменети само за топ модели, но сега се достапни и за телефони од пониските категории, како на пример кај Redmi Note 10 Pro

Истото може да се очекува и со најавениот Samsung сензор со резолуција од 200MP, кој би можел да се користи и кај поевтините уреди, не само кај предводниците. Со оглед на тоа што Snapdragon 870 е наменет за средната категорија и поддржува камери со резолуција над 200MP, може да се очекува и дека следниот сензор на Samsung може да се појави кај следната Galaxy S класа.