Почна производството со новата генерација на Apple процесори

Објавено на 29.04.2021 во Новости



Почна производството со новата генерација на Apple процесори

Apple минатата година го претстави сопствениот процесор за лаптопи и компјутери M1, со 3,5 пати подобри перформанси и до 6 пати подобри графички перформанси. Сето тоа е со мало оптеретување на батеријата што може да трае подолго во споредба со претходните лаптопи на Apple.

Инженерите работат веќе на нова генерација на Apple процесор, за кого се очекува да биде наследник на M1, со уште подобри перформанси. Кога станува збор за Apple, јасно е дека немаме никакви информации за потенцијално наречениот M2. Неговото производство би требало да трае 3 месеци, така што ќе биде спремен за испорака во текот на јуни.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: