Зголемен интересот за вселенскиот интернет Starlink на Илон Маск

Објавено на 06.05.2021 во Новости



Зголемен интересот за вселенскиот интернет Starlink на Илон Маск

SpaceX продолжува со масовното испраќање на своите сателити Starlink во вселената. Вчера симболично на Денот на Ѕвездените војни во вселената полетаа уште 60 сателити и тоа за само неколку дена откако беше лансирана последната група на сателити.

Од почетокот на март, SpaceX лансирал дури 420 сателити во вселената и се повеќе се доближува денот кога преку нив на интернет ќе се поврзуваат стотици илјади, а можеби и милиони луѓе. Како што нагласуваше Маск неколку пати, неговиот сателитски интернет не е наменет за сите и неговото користење не е потребно за областите што се добро покриени со оптички и мобилен интернет. Starlink ќе биде спас за оние што немаат пристап кон мрежа или имаат бавен интернет пристап, а ги има многу низ цел свет. 

SpaceX објави дека над 500 илјади луѓе го преднарачале нивниот хардвер со рутер и ресивер. На Twitter Маск напиша дека сите ќе добијат најверојатно пристап кон Starlink, а во меѓувреме се очекуваат предизвици со услугата кога бројот на корисници ќе достигне неколку милиони.