Nintendo стравува дека кризата за чипови ќе го загрози производството на конзоли

Објавено на 07.05.2021 во Новости



Nintendo стравува дека кризата за чипови ќе го загрози производството на конзоли

Nintendo во последната година продаде 28,8 милиони Switch конзоли, што на крај било за два милиона повеќе од нивната проекција за истиот период лани. Нивната заработка е на рекордно високо ниво, но од Nintendo предупредуваат дека недостатокот на чипови би можело да го поремети производството на нивниот најуспешен уред.

Nintendo предвидува дека од март 2021, до крајот на март 2022 година, би можеле да продадат 25,5 милиони Switch конзоли.

Автор: Aleksandar Stankov