Ултра скапиот камера додаток и телефон Sony Xperia Pro достапен во Европа

Објавено на 08.05.2021 во Новости



Ултра скапиот камера додаток и телефон Sony Xperia Pro достапен во Европа

Sony Mobile по повеќе од една година конечно ќе го лансира ултра скапиот смартфон Sony Xperia Pro по цена од околу 2500 евра.

Примарната цел на Xperia Pro е да биде како надворешен додаток за професионалната дигитална камера Sony Alpha со тоа што служи како дополнителен монитор и преку 5G конекција може многу брзо да префрла 8K HD видеа.

Како самостоен смартфон Sony Xperia Pro иако има многу висока цена не нуди ништо ексклузивно во однос на останатите премиум смартфони со 12 GB RAM и 512 GB меморија.