Truecaller за Android доби одличен новитет за повикување

Објавено на 23.12.2016 во Android



Truecaller за Android доби одличен новитет за повикување

Truecaller како една од најнапредните апликации за телефонски разговори која не е изработена од Google, мора постојано да се надградува за да остане атрактивна. Затоа додадена е новата опција наречена Call me back која самата за себе доволно говори.

Кога ѕвоните кај некого и тој не ви крева или е зафатен може да му понудите опција за известување со Call me back, односно штом се ослободи веднаш да ве побара, со што би требало да се олесни комуникацијата. Корисниците исто така ќе добиваат и нотификации за пропуштени повици кои се многу важни за да не ги заборават. 

Call me back е дел од новата надградба на Truecaller која може да ја најдете во Play Store.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}