Групер стана дел од полски Асеко кој целосно ја презема компанијата на Нина Ангеловска

Објавено на 10.05.2021 во Новости



Групер стана дел од полски Асеко кој целосно ја презема компанијата на Нина Ангеловска

Групер најголемиот македонски веб сајт за продажба на купони и е-трговија стана дел од аквизицијата на полската групација Асеко. Групер е основана од Нина Ангеловска која беше и министер за финансии.

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk.

Payten се стекна со сопственост на 100% од акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија.

„Го создадовме Grouper пред 10 години со многу енергија, посветеност и ентузијазам да го трансформираме пазарот со е-трговија. Во текот на изминатите години, тимот вложи многу посветени напори во надминувањето на бројни предизвици, а истовремено постојано учеше, се адаптираше и носеше иновативни решенија. Grouper растеше и постигна многу, но има уште многу простор за раст и натамошен напредок кој веруваме дека полесно ќе го оствари како дел од меѓународна групација. Следствено, среќни сме што Grouper го продолжува својот пат, сега веќе како дел од Payten, членка на ASEE групацијата. Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за натамошен раст и за целосна реализација на потенцијалот на Grouper. Со нетрпение ги очекуваме следните големи планови и нови решенија, кои ќе им помогнат на локалните компании да ја прифатат е-трговијата, да ја зголемат продажбата и да го унапредат нивното работење, а кои истовремено на е-купувачите ќе им понудат поголем избор и можности“, изјавија ко-основачите на Grouper.