Poco M3 Pro ќе биде ултра евтин, со 5G, уникатен дизајн и моќен процесор

Објавено на 13.05.2021 во Новости



Poco M3 Pro ќе биде ултра евтин, со 5G, уникатен дизајн и моќен процесор

Poco брендот кој функционира самостојно од Xiaomi најавува дека наскоро ќе ја лансира Pro верзијата на Poco M3 смартфонот, со тоа што првичниот модел потоа ќе биде повлечен од продажба, додека пак Pro верзијата ќе поседува слична цена и нема да ја надмине сумата од 150 долари.

Според досегашните информации се очекува Poco M3 Pro да располага со Dimensity процесор од повисоките класи, поддршка за 5G мобилна конекција, Android 11 оперативен систем, камера со три леќи и помошни сензори како главен модул со уникатна поставеност на задната страна, издржлива батерија и висока стапка на освежување на сликата, најверојатно од 120Hz.