Нови слики од безжичните слушалки Sony XM4 откриваат многу детали
Објавено на 13.05.2021 во Новости
Sony Mobile подготвува нов модел на безжични слушалки кои засега се именувани како Sony WF-1000XM4 или скратено Sony XM4 и предвидено е да бидат целосно подобрени во однос на ланскиот модел.
Според сликите кои се објавени од Sony XM4 се открива дека безжичните слушалки ќе имаат бела и црна боја, ќе бидат многу компактни и лесни за употреба, врвовите ќе може да се менуваат, а ќе понудат и батерија со капацитет од 140 mAh што ветува долготрајна употреба од барем 10 активни часа.
Sony XM4 ќе се полнат безжично внатре во куќиштето, а исто така се очекува да понудат активно блокирање на надворешна бучава (ANC).
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.