HTC ја завршува 2016-та со драстичен пад на продажбата

Објавено на 26.12.2016 во Новости



HTC ја завршува 2016-та со драстичен пад на продажбата

HTC годинава иако го имаше HTC 10 како еден од нивните најдобри премиум смартфони на сите времиња не успеа да се наметне на пазарот поради лошата маркетинг стратегија која речиси целосно пропадна. 

HTC 10 придонесе за добра продажба на почетокот на годината, но подоцна целосно потфрли со сите модели на пазарите во САД каде нема голема поддршка од операторите, во Кина нема доволно атрактивен и евтин смартфон кој ќе биде на рамниште со конкурентите, а единствено во Европа има каков таков успех. 

Сепак, годината HTC ќе ја заврши со испорака на само 10 милиони смартфони, пад од речиси 40% во однос на 2015-та кога биле испорачани околу 18 милиони уреди. HTC повеќе се фокусираше на виртуелната реалност со атрактивниот HTC Vive кој чини 800 долари, но има огромен интерес кај купувачите. 
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}