Windows 10 отсега ќе го инсталираме со помош на Cortana!?

Објавено на 29.12.2016 во Windows



Windows 10 отсега ќе го инсталираме со помош на Cortana!?

Една од најдобрите иновации кај Windows 10 за 2017 година е помош при инсталацијата на оперативниот систем со гласот на Cortana. Тие што се вклучени во Windows Insider програмата ќе ги имаат новите функции во 2017 година, а останатите корисници ќе ги добијат функциите кога ќе се лансира Creators Update во текот на пролетта, 2017 година.

Во главна улога ќе биде виртуелната асистентка, која е веќе интегрирана во Windows 10. Во новата верзија таа ќе биде заедно со вас кога го инсталирате Windows. Гласовните наредби ќе може да ги користите за време на инсталацијата, затоа што Cortana ќе биде вградена во Windows Installer. Со вашиот глас ќе и одговарате на сите потребни прашања и ќе и кажете кога може да продолжи со инсталацијата. 





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}