Пронајдок на Никола Тесла од пред 100г. може да добие нова примена

Објавено на 19.05.2021 во Туториали



Пронајдок на Никола Тесла од пред 100г. може да добие нова примена

Пред 100 години Никола Тесла патентирал вентил што претставува диода за течности, чија цел е да обезбеди проток на течности во една насока. Сега овој изум може да биде наменет за многу нешта, сметаат новите истражувања.

Вентилот содржи специјално обликувани комори во внатрешноста, што и овозможуваат на течноста да тече слободно во една насока и да креира отпор за друга насока. Тој делува како електронска диода што овозможва проток на електрична енергија во една насока.

„Извонредно е што овој 100 годишен изум, сè уште не е разбран целосно и може да биде употреблив во современи технологии на начини што сè уште не се разгледуваат“, објаснува Лејф Ристроф, вонреден професор од Институтот за математички науки во Универзитетот во Њујорк.

Всушност, изумот функционира како прекинувач, што може да се употреби за гориво во моторите и машините.