Толку посакуваната сина значка се враќа на Twitter

Објавено на 22.05.2021 во Новости



Толку посакуваната сина значка се враќа на Twitter

Кога Twitter ја лансираше програмата за верификација на профилот во 2009 година, одбраните корисници можеа да побараат верификација и да добијат сина ознака. Праксата траеше се до 2016 година, кога верификацијата стана овозможена и за обичните корисници.

Сината ознака стана своевиден медал на честа. Корисниците што ја имаа значката, беа подобри од овие другите и ним можело да им се верува. Во 2017 година социјалната мрежа беше повикана за дискриминација во доделувањето на син беџ, па така Twitter одлучи да го стопира процесот на верификација, што за многумина беше големо разочарување, затоа што не можеле да добијат потврда дека нивниот профил е вистински.

Twitter сега повторно го најавува продолжувањето на верификација на профилот. Може да се пријават сите корисници на Twitter, кои ги исполнуваат правилата што Twitter јасно ги наведувал на своите страници.