Норвешкиот суд ја прогласи Tesla за виновна за пригушување на капацитетот на батеријата

Објавено на 25.05.2021 во Новости



Норвешкиот суд ја прогласи Tesla за виновна за пригушување на капацитетот на батеријата

Ако од Tesla Motors не реагираат на жалбата од пресудата на норвешкиот суд, ќе мора да платат по 16.000 долари на секој од неколкуте илјади сопственци на новите возила во таа земја. Казната би можела да стапи во сила, оти слични легални постапки против Tesla се покренати и во други земји.

Уште во 2019 година, порталот Electrek извести за пријавите на сопствениците на Tesla возилата околу значајниот пад во дометот на возилата, кој изнесуваше од 20 до 48 километри после софтверската надградба. Во тоа време се чинеше дека со намалувањето на перформансите после таквата надградба зафатени се само моделите S и X со 85kWh батериски пакет.