Јапонците на Месечината испраќаат минијатурен робот за истражување на прашината

Објавено на 29.05.2021 во Новости



Јапонците на Месечината испраќаат минијатурен робот за истражување на прашината

Јапонија е одлучна да ја освои Месечината со нова технологија. Тие планираат да испратат ровер колку големина на топка за тенис на Месечината во 2022 година, која би требало да ја истражат површината на Земјиниот природен сателит. 

Зад малиот ровер стои група на компании што го развиваат за Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), а меѓу нив се Sony и компанијата што се занимава со развој на играчки Tomy Company. Малиот ровер ќе се тркала на површината на Месечината и ќе снима фотографии за да собира податоци за Месечевата прашина, супстанци што претставуваат проблем и за луѓето и за уредите.