Google намерно го отежнал наоѓањето на опцијата за приватност на Android

Објавено на 30.05.2021 во Android



Google намерно го отежнал наоѓањето на опцијата за приватност на Android

Кога зборуваме за приватноста и заштита на личните податоци, Google сигурно не е една од компаниите што прва ќе ви падне на памет. Токму поради прекршувањето на приватноста на корисниците, државниот обвинител од Аризона, Марк Брнович, минатата година поднесе тужба против компанијата. 

Конкретна причина за тужбата е следењето на локацијата на Android корисниците без нивно знаење, дури и во случаи кога тие ја исклучувале опцијата за користење на локацијата. Во тужбата се наведува дека Google за некои опции продолжил со следење на локацијата во позадина, а следењето било прекинато дури кога таа опција била исклучена на ниво на цел систем.

Оваа недела во јавноста протекоа некои детали и од тужбата може да се заклучи дека Google намерно се обидел да им отежни на корисниците управување со поставките за приватноста на своите телефони, односно нивната деактивација.