LG Mobile заврши со производство на телефони, фабриката ќе произведува апарати за домаќинство

Објавено на 31.05.2021 во Новости



LG Mobile заврши со производство на телефони, фабриката ќе произведува апарати за домаќинство

LG денес и дефинитивно заврши со производството на мобилни телефони, а главната фабрика во Виетнам во која се правда моделите сега ќе се фокусира примарно на апарати за домаќинство.

LG уште во април најави дека се повлекува од пазарот на смартфони и дека повеќе не планира да развива и продава нови модели поради намалената профитабилност иако некогаш важеше за еден од главните иноватори во оваа област.

Тие кои поседуваат смартфони на LG од поновите генерации ќе добиваат софтверска поддршка во наредните три години.