Huawei го прикажа првиот тизер за Huawei P50

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Huawei го прикажа првиот тизер за Huawei P50

Huawei одржа спектакуларен полусезонски настан иако не претстави нов смартфон, бидејќи во главен фокус беа можностите на новиот оперативен систем Harmony OS 2, како и новите таблети, смарт часовици и монитори.

Но, и фановите на нови модели на телефони не останаа разочарани бидејќи Huawei го претстави и првиот тизер за долго очекуваниот премиум смартфон Huawei P50. Според најавата Huawei P50 ќе има големи иновации во главната камера која ќе биде составена од два големи прстени поставени на задната страна.

Huawei P50 ќе располага со многу елегантен дизајн, со впечатливи линии, мазна површина, премиум материјали на градба како стакло и метал, а се очекува да биде претставен во текот на летото.