Драстично зголемување на батериите на iPhone 13 серијата

Објавено на 03.06.2021 во Новости



Драстично зголемување на батериите на iPhone 13 серијата

За 3 месеци отприлика Apple ви требало да ја претстави новата генерација на iPhone. За моделите од серијата 13 знаеме веќе многу благодарение на гласините што кружат веќе со месеци, а последните гласини говорат дека новите телефони би требало да имаат батерии со поголем капацитет. 

Минг-Чу Куо ги спомна големите батерии уште од порано. Благодарение на тие промени, капацитетот на батеријата на iPhone 13 mini би требало да изнесува 2406 mAh, што е зголемување од 8%, додека iPhone 13 и 13 Pro би требало да имаат 3095mAh, што е зголемување од речиси 10% во споредба со iPhone 12, додека iPhone 13 Max ќе има најмногу зголемување на батеријата до 18%, или 4352mAh.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: