Fiat најави крај за бензинските и дизел возилата

Објавено на 06.06.2021 во Новости



Fiat најави крај за бензинските и дизел возилата

Се поголем број на производители на автомобили што најавуваат дека иднината припаѓа на електричните возила, со текот на времето ги повлекуваат автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Fiat објави неделава дека ќе почне со повчекување на бензинците и дизел возилата од 2025 година, додека после 2030 година во понудата ќе имаат само автомобили со електрични мотори.

Тоа е радикална промена за Fiat, вели генералниот директор на компанијата Оливие Франсоа. Првиот чекор во таа насока го направиле со неодамнешното претставување на новите верзии од својот популарен модел Fiat 500. Новиот модел не е достапен во верзии со мотори со внатрешно согорување, туку само во изведба со електричен мотор. При претставувањето од Fiat коментирале дека сакаат да го подобрат пристапот на електричните возила, да ја подобрат инфраструктурата за полнење, како и да го дадат својот придонес за што е можно почист воздух.