Објавени се скици: Samsung патентирал тројно-преклопен смартфон

Објавено на 06.06.2021 во Новости



Објавени се скици: Samsung патентирал тројно-преклопен смартфон

Samsung моментално е во фаза на развој на тројно-преклопен телефон. Според новиот патент од World Intellectual Property Organisation пополнет во ноември 2020 година, компанијата има навистина таков план. Деновиве беа објавени и скиците како производителот планира да го дизајнира новиот уникатен смартфон.

Новиот Samsung преклопен концепт изгледа навистина импресивно. На патент сликите може да се види уред со еден дисплеј, што се расклопува со уште два дела. Расклопните механизми може да ги видите на сликите во прилог. Еден од механизмите се собира исто како кај Galaxy Z Fold 2 и Galaxy Z Flip, а другиот се отвара.