Ќе бидат ли поевтини Samsung Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3?
Објавено на 07.06.2021 во Новости
Samsung Mobile постои голема можност годинава Samsung Galaxy Z Fold 3 и Samsung Galaxy Z Flip 3 да ги лансира со цена која ќе биде зЗ околу 20% пониска во однос на претходната година.
Флексибилните смартфони се повеќе стануваат достапни, а исто така и технологијата за производството на нивните компоненти постојано се унапредува, па така се намалуваат и вкупните трошоци.
Според прогнозите Samsung Galaxy Z Fold 3 ќе чини под 1500 евра, додека пак смартфонот на преклоп Samsung Galaxy Z Flip 3 ќе чини околу 1000 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.