Џеф Безос најави дека во вселената ќе патува на 20 јули

Објавено на 08.06.2021 во Новости



Џеф Безос најави дека во вселената ќе патува на 20 јули

Џеф Безос се спрема на посебно патување и објави дека заедно со својот брат ќе се приклучи кон првиот лет во вселената во леталото на својата компанија Blue Origin. Безос би требало да тргне на 20 јули, откако ќе ја напушти водечката позиција во Amazon.

„Откако имав пет години, сонувам за пат во вселената. На тоа патување ќе тргнам на 20 јули со својот брат. Најголемата авантура со мојот најдобар пријател“, напишал Безос на својот Instagram со видеото на кое што ги објаснува своите планови.

Да потсетиме дека на првиот лет со ракетата New Shepard во вселената ќе има шест лица кои понудиле највисок износ на јавната аукција, која се одржува на веб страницата на Blue Origin. Кои ќе бидат среќниците и колку пари понудиле, ќе биде откриено на 12 јуни. Парите што ќе бидат собрани на аукција ќе бидат донирани на фондацијата Club for the Future, која промовира иницијативи за STEM образование.

Автор: Aleksandar Stankov