Ingenuity постави нови рекорди со летање на неиспитан дел на Марс

Објавено на 09.06.2021 во Новости



Ingenuity постави нови рекорди со летање на неиспитан дел на Марс

Хеликоптерот Ingenuity на НАСА повторно имал историски лет, успешно прелетал над 100 метри и се спуштил на област на која што се уште никој не бил. Малиот хеликоптер два пати посетил нова локација. Прво лебдел над потенцијалното место за слетување со цел да ја провери конфигурацијата на тлото, а потоа и полека се спуштил.

НАСА го открила новото место погодно за слетување благодарение на леталото Mars Reconnaissance orbiter, кое снима фотографии од орбитата на Марс, кои покажале дека новата област е прилично рамна и безбедна за слетување. Со новиот успех, НАСА се пофалила на Twitter, но не објавила дополнителни информации каде точно се наоѓа новото место за слетување, ниту кога е летот, седми по ред, реализиран. Летот траел 62,8 секунди и бил долг 106 метри.