Дали Facebook конечно ќе го лансира првиот смарт часовник?

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Дали Facebook конечно ќе го лансира првиот смарт часовник?

Facebook по долги години на шпекулации најверојатно е се поблиску до лансирање на својот прв смарт часовник и по подолго време од речиси десет години ќе се испроба во светот на хардверот на мобилни уреди.

Според информациите кои ги објави The Verge најверојатно догодина ќе биде лансиран Facebook Watch кој ќе има две форми со кружно и коцкасто тело.

Како главна функција на Facebook Watch засега се споменува LTE конекција за интернет врска и воспоставување на телефонски повици како и прием на пораки.