Huawei ветува дека со Harmony OS 2.0 сите податоци ќе бидат сочувани

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Huawei ветува дека со Harmony OS 2.0 сите податоци ќе бидат сочувани

Huawei ветува дека сите корисници кои ќе направат надградба на нивниот мобилен уред со новиот оперативен систем Harmony OS 2.0 целосно ќе може да ги сочуваат нивните податоци за апликации и сервиси.

Според најавите откако ќе се изврши надградбата со Harmony OS 2.0 корисниците и натаму ќе имаат пристап до сочуваните слики на cloud, ќе ги имаат пасвордите и податоците за логирање на апликации, како и сите пораки и повици.

Секако ќе треба да се следи како ќе се одвива процесор за тие кои имаат Android апликации, а истата не се дел од Huawei AppGallery како замена за Play Store.