Google горд на досегашната инсталација на Android 12 Beta

Објавено на 12.06.2021 во Новости



Google горд на досегашната инсталација на Android 12 Beta

Google се пофали дека бета верзијата на новиот оперативен систем Android 12 е досега најпреземаната бета верзија на софтвер која ја забележале.

Податокот го откри Дејв Бурк потпретседател на одделот за софтверски инженеринг на Google кој е задоволен од тоа што многу корисници се активирале за да ја тестираат новата верзија на мобилниот оперативен систем.

Сепак, Бурк не откри конкретни информации за бројот на преземања на Android 12 Beta и каква е споредбата со претходните години, слично како што Apple ме открива конкретни бројки за продажба или перформанси.