Првиот вселенски турист билетот го резервирал за 28 милиони долари
Објавено на 13.06.2021 во Новости
Првиот турист во вселената ќе плати 28 милиони американски долари за ексклузивната можност да полета со шатлот на Blue Origin компанијата која ја основаше милијардерот Џеф Безос.
Туристот учествувал на анонимна аукција со десетина богаташи и дал највисока понуда. Првичната цена на билетот изнесувала 4,8 милиони долари. Летот ќе се одржи на 20 јули, денот е симболично избран бидејќи на тој датум Аполо 11 на НАСА слета на Месечината во 1969 година.
Во леталото покрај екипажот ќе бидат присутни Џеф Безос, неговиот брат Марк, како и еден среќен и многу богат вселенски турист.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.