Tesla има нов суперкомпјутер со неверојатни способности

Објавено на 22.06.2021 во Новости



Tesla има нов суперкомпјутер со неверојатни способности

Шефот на Tesla Motors, Илон Маск, уште од порано го најави Dojo проектот, со кој што суперкомпјутерот ќе може да изврши exaFLOP операции, односно трилион floating-point операции или трилиони основни аритметички операции на реални броеви во секунда. Новиот суперкомпјутер на Tesla се употребува за тренирање на невралните мрежи што ги држат Tesla Autopilot и претстојната вештачка интелигенција со целосна автономија во возењето. После неколку години во Tesla главно беа сосредоточени на компјутерската моќ како внатре, така и од надворешната страна на нивните возила.

На возилата им е потребен моќен компјутер за користење на софтвер за автономно возење, а надвор од возилата со помош на суперкомпјутерот, новиот софтвер за автономно возење ќе се вежба сам, благодарение на сите податоци што ќе пристигнуваат од возилата на Tesla.