Windows 11 официјално претставен - Што има ново и кога ќе го имаме на PC?

Објавено на 25.06.2021 во Новости



Windows 11 официјално претставен - Што има ново и кога ќе го имаме на PC?

Microsoft конечно ја претстави новата верзија на оперативен систем Windows 11, шест години откако го претстави Windows 10. На прв поглед, Windows 11 се разликува од своите претходници и малку потсетува на некои други оперативни системи што сме имале прилика да ги видиме. 

Целта на Microsoft е да го поедностави дизајнот и корисничкото искуство со цел да поттикне продуктивност и креативност. Копчето Start е префрлено на средината на таскбарот, а повеќето кратенки што се појавуваат се поврзани со меморијата во облак Microsoft 365. 

Windows 11 вклучува бројни опции наменети за деловните корисници, кои што ги користат своите компјутери за секојдневна работа, но имаат и потреба да бидат мобилни. Така е олеснета работата во неколку прозорци, т.е. апликации истовремено, преку Snap Layouts, Snap Groups и Desktop. Корисниците ќе може да креираат и различни Desktop екрани за различни потреби: работа, играње, школо или домашни потреби. Четот на Microsoft Teams ќе биде директно вклучен во оперативниот систем, што многумина ќе ги поттикне да го користат тој систем за комуникација со колегите, наместо популарниот Slack.

За гејмерите ќе биде подобрен новиот софтвер, затоа што Microsoft водел сметка за новиот оперативен систем да биде со подобри перформанси за играње на видео игри и апликацијата наменета за играње на Xbox

Widgets ќе добијат AI појачување, кој ќе детектира кои информации треба корисникот секојдневно да ги организира и така да му бидат на дофат на раката. Како што истакнуваат, корисниците преку персонализиран ѕид со информации ќе може да види каква е временската прогноза, што уште ги чека на листата со задачи (To do), но и да добие кратки информации за најновите вести.

Windows 11 на пазарот излегува до крајот на оваа година и ќе биде со тотално нова продавница за апликации Windows Store, која што на девелоперите ќе им овозможи користење на сопствен систем за наплата внатре во апликацијата, поради што тие нема да мора да плаќаат провизија на Microsoft. Microsoft тврди дека дел од корисниците со Windows 10 ќе може бесплатно да преминат на новиот оперативен систем, што е многу едноставно. Преминувањето ќе трае до крајот на 2022 година, а од следната недела ќе може да се користи раната верзија на Widnows 11.





Прочитајте повеќе: