iGrill – кога телефонот ќе го замени шпоретот

Објавено на 25.11.2011 во iOs



iGrill – кога телефонот ќе го замени шпоретот

 

Полека полека за сè се јавуваат апликации денес, па така на некој му текнало да ја направи апликација iGrill, чија единствена наменеа е печење.
 
iGrill ќе ви дојде на помош кога имате проблеми со готвењето, како мене, особено кога ќе ви доверат некоја таква задача од типот „подгреј го месово“ или нешто слично.
 
Фактички iGrill не е само апликација, туку пакет составен од надворешен термометар кој преку Bluetooth се поврзува со вашиот iPhone, односно продирате во самото месо и ви кажува колку е доста печење на местото, пред тоа да ви стане пепел.
 
Апликацијата iGrill исто така нуди и кунски тајмер и може да ве алармира кога ќе се постигне саканата температура.
 
Апликацијата е веќе достапна во Apple Store, проблемот е што искрено и не е баш евтина – целиот пакет чини дури 99 долари.